Спасовски: Гоце Делчев е симбол на неуморната борба за правдата, еднаквоста и слободата

Макфакс

04/02/2024

17:15

997

Големина на фонт

а а а

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на ФБ објави честитка по повод 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Гоце Делчев е симбол на неуморната борба за правдата, еднаквоста и слободата. Неговите лик и дело остануваат вечна инспирација за сите нас, потсетувајќи нè на значењето на храброста, жртвата и непоколебливоста во борбата за национални идеали и вредности.

Великанот Делчев е втемелен како неприкосновен водич за нашата заедничка обврска – да ја чуваме и негуваме татковината, да ја интегрираме во цивилизираниот и напреден свет – како дел од НАТО, во сојуз со демократските земји и дел од ЕУ, таму каде што природно припаѓаме, во европското семејство.

Во тој дух се неговите зборови искажани во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“.

Почитувани граѓани,


Денеска одбележуваме 152 години од раѓањето на Гоце Делчев, великанот на македонската историја и...

Posted by Oliver Spasovski on Sunday, 4 February 2024

Нека овој ден ни биде потсетник на нашата заедничка обврска да градиме општество во кое владеат мир, правда и почитување на човековите права и слободи. Нека несебичната посветеност на Делчев кон идеалите на слободата ни послужи како водич во нашите секојдневни напори за постигнување на праведно, просперитетно и европско општество.

Нека му е вечна слава!“, напиша Спасовски.