Астероид со големина на Емпајер Стејт Билдинг денеска се приближува кон Земјата: Се огласи и NASA, еве што нѐ очекува

Точка

02/02/2024

11:00

17.498

Големина на фонт

а а а

Голем „потенцијално опасен“ астероид широк онолку колку што е висок Емпаер Стејт Билдинг или колку стадион, би требало да прелета покрај Земјата денеска.

Се проценува дека овој астероид, наречен 2008 0S7 има пречник меѓу 210 и 500 метри, според податоците на CNEOS за проучување на објектите во близина на Земјата.

Астероидот ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од околу 0,01908 астрономски единици или на околу два милиони километри.

Најблизу во тоа „прелетување“ ќе биде во текот на попладневните часови на 2 февруари и ќе помине покрај Земјата со брзина од околу 18,2 километри во секунда.

Астероидите се парчиња карпи останати од формирањето на Сончевиот систем од кои поголем дел се наоѓаат во астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер. Поголем дел од астероидите се прилично мали, но некои се огромни, најголемиот се нарекува Cerera и има околу 1000 километри во пречник. Повремено, Јупитеровата гравитација или спорадичниот судир фрлаат некои од овие астероиди во внатрешност на Сончевиот систем „испраќајќи ги така да летаат покрај Земјата“.


Астероидот 2008 OS7 е класифициран како „објект близу Земјата“ (NEO) и „потенцијално опасен астероид“ (PHA) поради својата големина, но и тоа колку ќе се доближи до Земјата.

Како NEO се дефинираат објектите кои се наоѓаат во внатрешноста на 50 километри од Земјата со 31000 објекти од Сончевиот систем кои спаѓаат во оваа категорија.

„Потенцијално опасен астероид (PHA) е оној којшто има орбита која ја сече Земјината орбита околу Сонцето за помалку од 0,05 астроносмки единици, а тоа е нешто повеќе од 7,2 милиони километри.

„Не се сите NEO потенцијални опасни, но сите опасни објекти се NEO“, изјавил Мартин Барстоу, професор по астрофизика на Универзитетот Лестер во Велика Британија.

Меѓутоа, Земјата ќе остане безбедна и нема закана од ОЅ7 и евентуален судар.


„Астероидот 2008 ОЅ7 е многу мал и неговата орбита се сече со Земјината, а квалификуван е како потенцијално опасен астероид (PHA)“, рекла Минјае Ким, истражувач од Универзитетот Варвик.

„Не мора премногу да се грижиме затоа што овој астероид нема да влезе во Земјината атмосфера иако се приближува“, додава таа.