Медисон Малага сакала целосно да го преуреди малиот стан на својата помлада сестра којшто се наоѓа во Њујорк.
Просторот од 20-на метри квадратни доживеал целосна преобразба поради досетливоста и вештините на Медисон.
Медисон била одлучна да го смени изгледот на просторот без претерана инвестиција. Вкупно ѝ биле потребни осум часа за да го заврши сето она кое го замислила во својата глава.
За „реновирање“ на станот таа искористила стари даски кои ги нашла во контејнер за отпад, набавила неколку работи за декорирање (перничиња, полици, украси итн.) во поволна продавница и набавила мал тепих.
Целиот процес на преуредување на станот Медисон го снимила и го објавила на социјалната мрежа ТикТок.
„Ги покривме сивите подови, најдовме фантастични дрвени рамки и најдовме начин како во малиот простор да го раздвоиме креветот за спиење во однос на останатиот дел од просторот“, објаснила Медисон.
Нејзината сестра била воодушевена од резултатот.