Кејли Рид споделила урнебесно видео од своите две миленичиња на својот ТикТок профил.
Имено, девојката го снимила моментот кога ги повикала нејзините две доги да влезат дома, а тие како на цртан филм трчаат и се лизгаат на мразот една по друга.
Овие големи и смешни доги никако не можеле да си помогнат кога стапнале на лизгавиот мраз. Видеото на ТикТок го погледнале повеќе од 15 милиони луѓе за 3 дена, а за да е уште посмешно, Кејли во позадина ставила и звук кој потсетува на сцена од цртаните филмови со кои пораснавме.
„Но, фактот дека се однесуваат како ништо да не се случило“, „Ова е буквално Скуби Ду“, „Звучниот ефект е толку соодветен што не може да биде подобро од ова. Колку повеќе го гледам, толку посмешно станува“, се дел од коментарите под видеото.