Егзотичен, моќен додаток во исхраната кој сè почесто се споменува: Помага кај воспаленијата, слабеењето и е со бројни придобивки за нашето здравје

Точка

22/01/2024

13:56

4.670

Големина на фонт

а а а

Ашваганда, егзотичен додаток во исхраната со необично име, се чини дека во последно време многумина го споменуваат. Која е вистинската приказна за оваа нова ајвуредска опсесија?

За ашвагандата се вели дека го држи стресот подалеку и ја намалува анксиозноста и воспалението. Ашвагандата моментално е многу популарен додаток во исхраната, иако растението се користи со векови и е јадрото на ајурведската медицина во Индија. Придобивките кои ѝ се припишуваат се многу значајни: има антиканцерогени, антиинфламаторни, антиоксидантни, антифунгални, анксиолитички, имунодулаторни и невропротективни својства.


Меѓу сите наведени предности се издвојува влијанието врз намалувањето на нивото на стрес. Ашвагандата, исто така, се смета за лек против несоница, замор и недостаток на концентрација.

Најважните здравствени придобивки од ашвагандата

Помалку вознемиреност, повеќе мир

Ашвагандата е позната како адаптоген. Што точно значи тоа? Кога се соочуваме со негативни ситуации кои предизвикуваат страдање на нашиот организам, што се нарекува „синдром на општа адаптација“, адаптогенот е супстанција која без несакани ефекти – без да предизвика зависност – му обезбедува на телото таканаречени информации за преживување. Некои студии (иако мора да се земе предвид дека сè уште се во мал број) сугерираат дека тоа не е суплемент кој обезбедува високо ниво на енергија бидејќи долгорочното консумирање би предизвикало нервоза. Ашвагандата нема ниту седативно дејство, туку делува на балансирање на нервниот систем.

Помага во губењето на килограми

Со борбата против стресот, ашвагандата може да помогне при губење на тежината. Зголеменото ниво на кортизол во крвта, главниот хормон кој предизвикува стрес, во крвта е поврзан со отсуство на задоволувачко чувство на ситост и зголемена потреба за консумирање храна богата со јаглехидрати. Неколку научни написи потврдуваат дека екстрат од овој корен може да го намали нивото на кортизол во крвта до 25%. Благодарение на тоа, можеме да ги подобриме нашите навики во исхраната и да ја намалиме количината на маснотии.


Го ублажува воспалението

Исто така, докажано е дека високото ниво на стрес влијае на влошување на воспаленијата во организмот, како и на оксидативниот стрес. Во овој поглед, докажано е дека ашвагандата може да влијае на механизмот на инфламаторниот одговор на нашето тело. Неколку студии покажале дека земањето ашваганда го намалува нивото на CRP.

Антиоксидантско дејство

Кога станува збор за растителните делови, антиоксидантите како танини, флавоноиди, алкалоиди, гликозиди и стероидни лактони се пронајдени во листовите, стеблата и корените. Благодарение на нив, телото се бори против слободните радикали кои не се одговорни само за стареењето на клетките, туку и за воспаленијата. Антиоксидантите, исто така, го подобруваат нашиот метаболизам, го олеснуваат варењето и се грижат за нашето здравје воопшто.

Кога да се земе ашваганда?

Тоа ќе зависи од ефектите кои сакаме да ги постигнеме во одреден момент. Доколку треба да му дадеме мир и рамнотежа на нашето тело или доколку имаме проблеми со несоница, треба да асе зема навечер. Пред спиење ќе нè опушти и ќе ни помогне да заспиеме. Меѓутоа, доколку целта е да се подигне енергијата и да се зголеми концентрацијата, треба да се пие наутро, на празен стомак и ќе тоа ќе ни ја зголеми виталноста.


Ашваганда – ѕвезда на ајурведската медицина

Ајурведата е традиционален индиски лек со повеќе од 4.000 години историја. Во рамките на оваа холистичка гранка на медицината, ашваганда зазема видно место.

Од каде потекнува: од бобинки и корени на грмушка која традиционално растела во Индија, но потоа се проширила на Блискиот Исток.

Потекло на името: На санскрит значи „мирис на коњ“ (ашва значи коњ, а ганда значи мирис) бидејќи тоа е мирис на самото растение.


Во каква форма: Доколку прашокот се внесе во организмот, помешан со вода или млеко, се препорачуваат 1-2 лажички дневно. За земање капсули, потребно е да се следат упатствата на производителот, што генерално ќе значи доза

 од 500 и 1000mg дневно. Течниот екстракт ги прави ефектите позабележителни и побрзи.