Натали Портман изгледа подобро од кога и да е, додека во малиот црн фустан позирала пред фотографите пред настапот во популарната емисија.
Натали Портман важи за една од најпаметните актерски во Холивуд, со завршена психологија на Харвард, диплома на Еврејскиот Универзитет и познавање на дури четири странски јазици.
Но, она што оваа прекрасна актерка не го знаела и не била ниту свесна е дека сопругот ја изневерувал речиси една година со 20 години помлада жена.
И додека таа живеела во незнаење, сите околу неа знаеле дека Бенџамин ја изневерува.
Натали секогаш се придржувала до едно важно правило – за приватниот живот не говорела јавно.
Така било и овојпат. Таа не направила скандал, не го избркала сопругот од домот, не барала веднаш развод. Не, Натали се обидувала да го поправи бракот и да го зачува семејството кое таа и сопругот, заедно со двете деца од12 и 6 години го имале.
Но, очигледно дека помош немало, затоа што вчера Натали била забележана како на снимањето на емисијата доаѓа кај Џими Кимел облечена во секси црн фустан и без бурма.
„Не успеале да го поправат својот однос. Откако се појавила веста за неговата афера, обидувајќи се да работат на својот брак, моментално се двоумат. Натали неверојатно ја крие приватноста и не сака да зборува за своите проблеми јавно“, вели извор близок до парот.
Но, на сите им е јасно дека Натали сега е слободна жена. Во секси изданието, со перфектен маникир и шминка, без бурма и насмеана Натали како да сакала да го привлече вниманието на поранешниот сопруг и да му каже: „Погледни што изгуби“.