Германците тврдат: Најагресивните возачи најчесто ја бираат оваа марка

Точка

10/01/2024

17:06

7.608

Големина на фонт

а а а

Тие ве удираат од позади и возат на милиметар зад вас. Вртат и менуваат сообраќајна лента без трепкач. Ве претекнуваат на кривина. Ве заобиколуваат на автопат од десна страна. Како луди ви светкаат ако, по ниво мислење, не сте го поминале камионот доволно брзо. Тоа се агресивните возачи за кои – тврди истражувањето на германскиот институт „Innofact“ и автомобилскиот портал „Leasingmarkt“ – дури 90 проценти од возачите тврдат дека постојат.

И не само тоа; илјадници испрашани возачи веруваат и дека постои врска со марката на автомобил која ја возат таквите возачи, па во рамките на истражувањето го дале својот глас за тие марки.

Една марка јасно го заземала првото место во анкетата. Тоа е баварската гордост „BMW“. Дури 62 проценти од испитаниците тврдат дека токму возачите на „BMW“ возат најагресивно. Не е далеку ни најголемиот конкурент на „BMW“, „Mercedes“, за кој 44 проценти од испитаниците тврдат дека е избор на агресивците на патиштата. Овој неславен Топ 5 го затвораат уште три германски марки – „Audi“, „Porsche“, „Volkswagen“, и со тоа мораме да забележиме дека ударната петка е многу оддалечена од остатокот од групата.

Само 2 проценти од испитаниците агресивноста на патиштата ја поврзале со марките „Seat“ и „Volvo“, а малку чуди позицијата на „Opel“. Имено, познато е дека „Opel“ е омилен автомобил на тјунерите, чести се и спортските верзии, но очигледно возачите на оваа мерка не се сметаат за агресивци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг