[ВИДЕО] Тони Михајловски: Речиси една година не живеев во Македонија

Точка

02/01/2024

10:51

12.186

Големина на фонт

а а а

Тони Михајловски последниве години сними доста серии во Србија, а голем дел од нив се популарни и гледани и во Македонија.

Во новогодишната емисија „1на1“ со Жаре, Тони меѓудругото раскажа колку време поради снимање на серија бил отсутен од дома минатата година.

-Лани живеев година дена, поточно девет месеци во континуитет. По три месеци работа, еден месец пауза. Снимав по првпат во живитот теленовела. Она по 290 епизоди, кога Хуан Пабло ќе сфати дека сам на себе си е: брат, чичко, тетка и дедо. Со што не беше толку со солзи, туку беше модерна за телевизија. Заврши, фала му на бога, не се емитува повеќе. Немав таков формат снимено претходно. Всушност, го снимавме „Авионџие“, кој направи осум сезони по 40, таму 320 епизоди снимавме. Супер ми беше како искуство, но не би го направил тоа пак“, изјави Тони во „Еден на Еден“.

Целата емисија со Тони е сега достапна на Јутјуб каналот на „Еден на Еден“, и може да се гледа на овој линк: