Акушерка во текот на испис на новороденче ненамерно му пресекла мал дел од палецот на бебето, објави Министерството за здравство.
Настанот се случил пред десетина дена на Клиниката за гинекологија и акушерство.
„Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде што му била санирана повредата“, информираа од Министерството.
Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, веднаш бил повикан детски хирург, кој ја санирал повредата, а новороденчето нема да има инвалидитет. Бебето е испишано дома, повредата е санирана со помош на детски хирург и бебето нема да остане без прст.

Според информациите Бебето имало фластери коишто не можеле мануелно да се извадат, па сестрата користела ножици и така настанала немилата ситуација.
„Акушерката била суспендирана, дадена на дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствената заштита, како и промена на работното место“, велат од Здравство.








