[ФОТО] Реакции на „X“ по повод новогодишната елка на скопскиот плоштад: „Ваква елка нема ни на Али Експрес“

Точка

19/12/2023

19:27

10.804

Големина на фонт

а а а

Денеска на социјалните мрежи се појавија првите фотографии од новогодишната елка поставена на скопскиот плоштад, а скопјани со неверување ја примија информацијата дека новогодишната елка изгледа како што изгледа.

Дел од нив се надеваат дека ова е само првичниот изглед, кој наскоро ќе добие друга форма, но според неофицијалните информации елката во главниот град ќе изгледа токму вака.

Е, наше Скопје 😢

Posted by Skopjeinfo.mk on Monday, December 18, 2023

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека „Скопје никогаш не било полошо украсено и дека градот никогаш не бил толку валкан и без вкус“, а на социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер) се појавија многу реакции по повод овогодишната елка на плоштадот.

„Ваква елка нема ни на Али Експрес“, „Знаете како викаат: каква ти е душата и домот, таква ти е и новогодишната елка“.

„Кметице, ова е одраз на вашата душа и вашиот дом, Град Скопје. Срамота“, „Македонија во една слика“, „Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, „Кривата кула во Пиза и кривата елка во Скопје, тие се тие“, се дел од коментарите на „X“.

Град Скопје минатата недела извести преку соопштение дека градот ќе биде украсен за сума од 30.000 евра.