Како Германците прават варено вино: Најубавиот пијалак за студените денови со додавање на цитрус и ароматични зачини

Точка

15/12/2023

18:22

9.632

Големина на фонт

а а а

Вареното вино е една од првите асоцијации на пријатна атмосфера во зимските денови. Со помош на неколку трикови можете да го добиете совршениот вкус.

За денес ви препорачуваме варено вино по германски рецепт, со додаток на портокал. Се додаваат и ароматични зачини како каранфилче, цимет и анасон.


Потребни состојки

1 шише црвено вино;

2 лажици рум;

2 портокали исечени на парчиња;

Сок од 2 портокали;

5 цветови од каранфилче:

2 стапчиња цимет;

2 ѕвездички анасон;

½ кафеав шеќер.


Подготовка

Во тенџере истурете црвено вино, рум, додадете ги парчињата портокал, сокот од портокал, па зачините – цимет, цветови од каранфилче, анасон и кафеавиот шеќер. Добро измешајте, па загрејте ги сите состојки на тивок оган. Вареното вино процедете го, па послужете го топло.

На здравје!