Брзи, посни триаголници од чоколадо, џем и урми е сѐ што ви е потребно за свети Никола.
За славата свети Никола традиционално се служи посна трпеза, на домаќинките им е тешко секоја година да смислуваат нови рецепти за колачи, затоа овојпат ќе ви пренесеме еден рецепт ние.
- 600 грама шеќер;
- 250 грама посен маргарин;
- 350 до 400 грама џем од кајсии;
- 150 грама урми;
- 300 грама кикиритки;
- 150 грама посни бисквити;
- 2 листови обланда;
- 100 грама чоколадо;
- чоколадни трошки, кокос или ореви и лешници.
Во подлабоко тенџере или тава растопете го шеќерот додека не се карамелизира. Во него додадете ги исечканите урми, кикиритки, џем од кајсија, посни бисквити и сѐ измешајте.
Тргнете го садот од оган и оставете да се излади. На еден лист од обландата ставете ја целата смеса, преклопете ја со другата обланда и поклопете со некој тежок предмет, додека сѐ убаво не се соедини.
Исечете ги колачите, потопете ги во стопено чоколадо, па посипете со кокос или јаткасти плодови.
На здравје!