Двегодишно дете било пронајдено мртво во рацете на својата загинати мајка по разорното торнадо кое го убило и нивниот сосед во Тенеси.
Друг сосед изјавил дека по бурата тргнале во потрага по исчезнатото дете, Ентони Елмер, кого бурата го однела далеку од домот.
Пожарникарите на крајот го пронашле во урнатините, во прегратката на својата мајка Габриелe Перез.
Нивниот сосед, татко три деца Џозеф Далтон исто така настрадал во торнадото, кога невремето ја кренало неговата приколка и ја фрлило на приколката во која живеела Перез со таткото на своите деца.
Нејзиниот партнер, другото дете, како и децата на Далтон биле однесени во болница со полесни повреди.
Сосетката Ванда Маклемор изјавила дека во саботата тргнале во потрага по Ентони, кога неговиот татко рекол дека не може да го пронајде.
Според нејзините зборови, кога го пронашле, мајката го држела во нејзините раце. Таткото рекол дека семејството спиело кога дошло до бурата.
„Се случи трагедија. Спиеше во оваа приколка, друга паднала над неа“, рекол нејзиниот брат Марко.
Во торнадото во Тенеси загинале шест лица, додека 83 биле повредени, пренесува „Informer“.







