Трагедија на лов во Кичево: Маж со пушка застрела соселанин, човекот почина

Макфакс

11/12/2023

16:33

1.302

Големина на фонт

а а а

Полицијата го приведе Д.С.(56) од Кичево. Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј.(40) од истото село, по што Д.Ј. починал.

Увид на местото извршија јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг