Светското првенство во фудбал, кое во 2034-та година ќе се одржи во Саудиска Арабија, би можело да се одржува во вообичаениот летен термин, и покрај високите температури кои се стандардни за оваа земја.
За тоа за „BBC“ зборувал и саудискиот министер за спорт Абдулазиз бин Турки Ал Фејсал, кој истакнал дека тоа што Мундијалот во Катар бил во ноември и декември, не значи дека ќе биде така и во Арабија.
„Не, ние на големо ги разгледуваме можностите кои се пред нас кога станува збор за одигрувањето на првенството на лето“, рекол Ал Фејсал.
„Зошто да не ја разгледаме таа можност? Ние работиме на тоа“, додал тој.
Инаку, на лето температурите во Саудиска Арабија достигнуваат вртоглави 48 степени, додека нешто подобро е во приморските градови.
Saudi Arabia looking into staging 2034 World Cup in summer, despite country’s extreme temperatures, its Sports Minister tells me https://t.co/98VIamD7gT pic.twitter.com/UVXFk3ZfJQ
— Dan Roan (@danroan) December 10, 2023
Сепак, секако се поставува прашањето за здравјето на фудбалерите во такви услови, но и не само тоа, туку и за здравјето на сите оние кои ќе дојдат од други краеви на светот.
Исто така, пред Мундијалот во Катар беа видени бројни пропусти, а принцот Абдулазиз е сигурен дека тоа нема да се повтори.
„Можам да ви гарантирам дека тоа нема да се повтори. Имаме десет години да работиме на тоа, на големо почнаа работите на неколку стадиони, а пред нас има уште доволно време да направиме се како што треба. Ги адаптираме стадионите кои ги имаме, така што нема да има потреба од многу работа за изградба на нови“, подвлекол тој.
Исто така, кралското семејство веќе гради три стадиони, за потребите на Купот на Азија во 2027-ма година.