Последниот оброк на тираносаурус биле две бебиња динасауруси

Точка

09/12/2023

11:42

17.456

Големина на фонт

а а а

Внатре во фосил на тираносаурус стар 75 милиони години биле откриени остатоци од две бебиња диносауруси, фрлајќи ново светло на променливата прехрана на древните предатори. Според истражувањето објавено во списанието „Science Advances“, задните екстремитети на малите диносауруси налик птици биле пронајдени градниот кош на млад горгосаурус, близок роднина на Тираносаурус рекс.

Научниците кои стојат зад истражувањето велат дека откритието сугерира дека младите горгосауруси ловеле мали, млади диносауруси, додека претходните фосилни докази покажуваат дека возрасните горгосауруси напаѓале и јаделе големи диносауруси кои живееле во стада.

Д-р Дарла Зеленитски, една од водечките научнички во истражувањето, за „BBC“ рекла дека откритието е „цврст доказ дека тираносаурусите драстично ја промениле својата прехрана во текот на растењето“.


„Сега знаеме дека тие млади тираносауруси ловеле мали, млади диносауруси. Тие млади, незрели тираносауруси веројатно не биле подготвени да напаѓаат групи диносауруси, каде возрасните тежеле илјадници килограми“, рекла таа.

Фосилот е изворно откриен во пустината Алберта Бадландс во 2009-та година, но бил закопан во карпа и требало да поминат неколку години за да биде подготвен за проучување.