Објавата на Џејда Пинкет Смит уште од септември кренала прашина на социјалните мрежи, а станува збор за роденденската честитка упатена кон Вил Смит каде го спомнала неговото вистинско име.
Судејќи по реакциите, многумина не знаеле дека актерот всушност се вика Вилард.
Актерот станал славен во серијата „The Fresh Prince of Bel-Air“ во 90-тите години и набрзо потоа станал познат во Холивуд.
Додека сите го препознаваат како Вил, сепак тоа не е неговото вистинско име, а не е ни скратено од името Вилијам.
Во емотивната порака на својата сопруга, Џејда споделила нивна фотографија со децата Вилоу (23), Џејдан (25) и синот на Вил од претходниот брак, 31-годишниот Треј.
Сите биле облечени во бела облека додека се смешкале на семејната фотографија, а Џејда ја започнала својата порака со вистинското име на Вил – Вилард.
„Толку ми е драго што си роден на денешниот ден. Без тебе не би ја доживеала најголемата радост во својот живот, љубовта на нашето семејство. На оваа задача која избравме да ја одиме заедно, благодарна сум за изворите на насмевки низ трагите од солзи кои ги споделивме“, навела таа.
Десетици луѓе потоа на социјалните мрежи го искажале своето чудење дека актерот не се вика Вилијам.
„Токму денеска дознав дека вистинското име на Вил Смит е Вилард, а не Вилијам“, „Вистинското име на Вил Смит е Вилард?“, „Нема шанси Вил Смит да се вика Вилард“, биле само дел од коментарите под објавата.