Бубо Каров: Васко во К-15 носеше штикли, нозете едвај си ги оправи

Точка

08/12/2023

09:15

11.880

Големина на фонт

а а а

Бубо Каров, познат како Цацко од К-15 е познат по тоа што ужива на пријателите да им смислува шеги, и вели дека не се лути ако некој и е него го „насамари“ како што прави тој.

Во „Еден на Еден“ кај Жаре, емисијата која ќе ја гледаме в недела на „Канал 5’ од 18.30, Бубо раскажа една од негоите поинтересни ангегдоти, како се шегувал со неговиот другар Цале од Радио 2. Бубо рече дека тој е мајстор за такви шеги.

- Концептот на програмата беше таков, оди во живо, на втора програма во радио Скопје, и секој ден имаа одреден водител. Цале Петровски го држеше како ден среда. Цале е стар скопјанец, знае сѐ што се има случувано, сите интересни работи во Скопје. За ова знаеја само колегите од радио, и кога тој одеше на програма, јас почнував да му се јавувам како геј: Здраво, Петровски ми треба ако може да го добијам на телефон? Така настана скечот со ликот од К-15, Васе штикли кај што носи. Кога две недели после снимањето на скечот не можеше нозете да си ги оправи од штиклите, не можевме број да му најдеме“, раскажа Бубо во „Еден на Еден“.

Тој додаде дека оваа шега не отишла во програма на радио, но кога колегите го прашувале како поминала емисијата на радио, Цале им рекол: „Пак ми се јави оној. Не ми се влага во студио“.

Погледнете едно кратко видео, кое ќе ја долови емисијата со Бубо Каров во недела со кој секогаш забавата е загарантирана:



Спонзорирани линкови

Маркетинг