Откако Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор на Бојан Јовановски – Боки 13, истоимениот за првпат откако е на слобода се огласи на социјалните мрежи.
Имено, тој на својот „Инстаграм“ профил објави селфи од пред Соборниот храм Св. Климент Охридски. Во описот на фотографијата на поранешниот шоумен стои: „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години! Господ на помош, прво и најважно здравје па потоа сè ќе си дојде на свое место! Благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови за целиот изминат пеколен период!“
Му посакуваме поскоро закрепнување.