Тренерот на Денвер за лошата партија на Јокиќ: Никогаш не сум го видел ваков

Дерби

07/12/2023

15:51

5.795

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл учинок, но се чини дека тој е единствениот играч во светот за кој може да се каже дека имал лоша партија после таков натпревар.

Тоа го призна и самиот Србин по поразот од Лос Анџелес Клиперс со резултат 111:102, најмногу поради катастрофалната шутерска вечер која ја имаше.

– Едноставно не ми одеше, немав своја вечер. Не погодував од позиции од кои обично секогаш погодувам. Понекогаш играа добра одбрана, но понекогаш не ми одеше, – изјави Јокиќ.

Србинот го заврши мечот со 22 поени, 15 скокови и 10 асистенции, но со шут од игра 9 од 32 (28 проценти реализација).

– Јокиќ се обиде 32 пати и имаше само две слободни фрлања, двете во последната четвртина. Многупати шутираше од свои позиции и не погоди. Никогаш не сум го видел ваков, да погоди само 9 од 32 шута, – изјави изненадениот тренер Мелоун.



Спонзорирани линкови

Маркетинг