„Заслепени сте, ова е јасен знак дека е време за раскинување“: Терапевт открива, доколку се случува ова вашата врска нема да трае

Точка

07/12/2023

17:05

8.693

Големина на фонт

а а а

Брачниот семеен терапевт ЏеФ Гантер открива како ќе знаете кога ќе дојде до раскинување.

Причини поради кои доаѓа до раскинување има многу. Неверството не е нужно најголемиот проблем, колку што е недостатокот на разбирање, почит и здрава комуникација. Неверството е само последица на сето тоа.


Брачниот и семеен терапевт Џеф Гантер неретко на социјалните мрежи споделува корисни совети кои се однесуваат на љубовните врски. Овојпат се осврнал на сигурен знак којшто говори дека еден однос ќе се прекине, поточно дека врската ќе заврши.

„Како терапевт можам да гарантирам дека врската нема да потрае доколку гледам дека ова се случува“, напишал тој во видеото, а потоа детално објаснил дека врската ќе заврши доколку партнерот вложува повеќе труд и напор во врската од другиот.

Оној којшто во врската вложува повеќе, се чувствува огорчено и бесно со текот на времето, па така доаѓа до раскинување.


„Партнерот којшто не вложил толку труд ќе биде изненаден од исходот“, објаснил терапевтот, а потоа советувал:

„Затоа бидете искрени едни кон други, запрашајте се дали вие или партнерот внесувате доволно труд во вашата врска“, рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг