Спасовски потврди: Љупчо Палевски - Палчо е фатен во Турција - Палевски е уапсен како се движи пеш по автопат во Баликесир

Точка

05/12/2023

22:34

8.282

Големина на фонт

а а а

Вклучување во живо од прес конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

„Штотуку добивме известување од колегите од Турција дека креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител е фатен и уапсен на нивна територија, идентично на нашите сознанија на патеката на движење“, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за фаќањето на Љупчо Палевски, убиецот на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски.

Спасовски го нарече Палевски крератор, планер, главен кооринатор и директен извршител на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски,

Палевски бил на „црвена листа“, а информациите биле добиени преку оперативни сознанија.

„Тој беше последната алка од овој грозоморен чин, која недостасуваше за да кажеме дека сме заврише се како Министерство за внатрешни работи, изјави Спасовски кој им се заблагодари на колегите од Србија, Бугарија и Турција за соработката.

Министерот кажа дека е направена веќе привичната пријава и опфаќа 100 страници.

Во околината на Скопје најдени се два пиштоли кои се поврзуваат со убиството на Вања Ѓорчевска - соопшти Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

– Тие се дел од истрагата. Дополнително ќе бидете информирани за се- рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали е пронајдено оружјето.

Од Скопје, преку Белград и Бугарија до Турција. Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски е фатен во турскиот град Баликесир.

Министерот за внатрешни работи, говорејќи на прес-конференција кажа дека Палевски првин стигнал во Србија каде престојувал во хотел. Потоа наредниот ден, го презема друго лице од Скопје, со џип и влегува преку Бугарија стигнува до Турција.


Успева да стигне до градот Баликесир каде што е уапсен.

„Нашите служби стапија во контакт со турски оперативен извор, кој за кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир. Ни кажа дека сакал да замине за Истанбул“, рече Спасовски.

Палевски најмил такси-возач за да отиде во Истанбул, но повторно се вратил, симулирал дека заминал таму.

Попладнево од страна на колегите од турската полиција бил уапсен, додека се движел пеш по автопатите, додаде министерот.