Лек за упорната и сува кашлица којшто се купува на пазар – чини околу 50 денари, а го користеле и нашите баби

Точка

05/12/2023

23:27

15.656

Големина на фонт

а а а

Зимата речиси пристигна, а со неа и времето на сува кашлица. Каде и да се движиме во текот на ова време луѓето наоколу постојано кашлаат и киваат.

Зимските настинки и кашлицата можат да предизвикаат главоболка, умор и болка во очите поради што тешко можеме да се концентрираме на секојдневните обврски.

Дури и доколку настинката и кашлицата не се ништо сериозно, доколку не се лекуваат како што треба можат да траат со денови и да бидат прилично непријатни.


Природните лекови можат да бидат многу корисни и ефикасни за ублажување на зимската настинка и кашлица.

Доктор Пелагиќ во својата книга особено ја издвојува ротквичката и ги истакнува нејзините многубројни предности.

Докторката смета дека ова растение лекува расипан желудник, болести на цревата, бледило, болести на бубрезите, слезината, тешко мокрење, болки во градите, стомакот и вратот.

Се смета дека делува и против болестите на белите дробови и кашлањето, потоа против чешање и разни иритации на кожата.

Нашите баби исто така знаеле дека ротквичката може да биде лековита и да делува поволно во ваквите состојби. Така за сува кашлица подготвувале сируп од само две состојки.

Природниот сируп бил прекрасно средство за искашлување кај болните во горниот респираторен тракт.

Состојки:

- една поголема ротквичка;
- две полни лажици мед.


Подготовка:

Ротквичката измијте ја и излупете ја. Исечете го горниот дел којшто ќе ви послужи како капаче. Направете вдлабнатина, а нејзините рабови нека бидат со големина од 2 сантиметри. Во ротквичката ставете мед, треба да го наполните до половина. Поклопете ја со делот којшто претходно го исековте и оставете да отстои во текот на ноќта.

Наутро во ротквичката ќе биде формиран сируп којшто ќе ви помогне во борбата со сувата, но и упорна кашлица.