Дуа Липа повторно е слободна, што израдувало многумина од посилниот пол ширум светот, а посебно очигледно извесен портал од Косово.
„X“ налогот Kos. Data се занимава со вести од овој дел на Балканот, но изгледа дека биле исклучително среќни што британската пејачка со косовско потекло ја раскинала врската, бидејќи оваа вест ја објавиле со емоџи алармантно светло.
🚨 Dua Lipa is single again pic.twitter.com/Ucwr6ijPVn
— kos_data (@kos_data) December 3, 2023
Секако, во „монологот“ на профилот веднаш се вклучила и женската страна на овој магазин, па допишале „Полека малку момци, нејзиниот татко нè следи.“
Ова опуштено пишување на порталот, кој главно се занимава со сериозни вести, довел до тоа луѓето во коментарите да се одлучат на тоа да ја побараат раката на пејачката токму од нејзиниот татко, кога тој веќе е присутен на „X“.
„Господине Дукаѓин, јас сум адвокат, внимателно бирајте; „Сè уште сум студент, но луѓето овде можат да кажат само добри зборови за мене“, се само дел од коментарите на англиски јазик, додека еден дечко со српско знаме до своето име напишал: „Мирдита, господине Липа“.
Mirdita gospodin lipa
— Vuksha 🇷🇸 (@vuksa321) December 3, 2023
Твит профилот на Kos. Data станал вирален ширум регионот, дури и меѓу оние кои не одлучиле да ја „запросат“ Дуа Липа.
Луѓето коментираат дека тимот кој стои зад овој профил знае како да ги користи социјалните мрежи на вистински начин и да допре до пошироката публика.