Драматично видео е снимено на плажата Ланундо во близина на Кејп Таун, откако непознат авантурист скокнал од карпа висока 10 метри во морето.
Момчето сакало да се забавува, не знаејќи дека ќе следи борба за неговиот живот.
Морето изгледало мирно, а по скокот младичот допливал до блиските карпи. Тогаш од сите страни почнале да удираат бранови, некои високи и до 4 метри!
Веруваме дека сфатил во каква неволја се наоѓа, но немал сила да се спротивстави на водената струја која буквално го „всисала“ и го отфрлила како гранче.
Можеме да го видиме како се бори во вртлогот, обидувајќи се да го избегне најлошото, додека неговите пријатели беспомошно стојат на брегот и снимаат.
🇿🇦🚨‼️ SCARY AF: Don’t into such cliffy places. pic.twitter.com/0jCuFH98cl
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 1, 2023
Силен бран го фрлил на спротивната страна, што на крајот се покажало спасоносно, пренесува „Дејли меил“.
Јасно е дека на момчето му снемува сила во ледената вода и ги користи последните атоми како би стигнал до каменото плато. Направил неколку чекори, а потоа паднал на колена.
Сигурни сме дека овој настан ќе го памети до крајот на животот.
Видеото станало вирално на интернет и има повеќе од 6,6 милиони прегледи. Корисниците најмногу коментираат дека младиот човек имал неверојатна среќа.
„Очигледно е силен пливач, кој не греши во борбата со брановите. Сепак, бил беспомошен пред нивнатасилина и имал среќа да не се разбие од карпите. Повеќето пливачи не би извлекле „жива глава“ во ваква ситуација“, изјавил претставникот на Спасувачката служба.