[ВИДЕО] Претседателот на УФЦ: Американците се кукавици, Кабиб и Русите за миг би нѝ ја зеле државата

Точка

04/12/2023

14:29

15.355

Големина на фонт

а а а

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт ги нападнал младите Американци денес споредувајќи ги со супериорните Руси.

„Ако Кабиб и неговата екипа би дошле од Дагестан, веројатно ќе ја освојат Америка за кратко време. Денешната генерација на Американци е полна со идиоти и кукавици, а освен групите од југот, никој не би застанал да ја брани оваа земја. Кога ќе ги погледнеме луѓето од другите земји, овие момци од Русија се градени поинаку, имаат сосема поинаков менталитет. Ние станавме меки и слаби“, рече Вајт.

Инаку, првиот човек на УФЦ му понудил неверојатни суми на пари на Кабиб за да се врати во октагонот, но Дагестанецот ги одбил сите понуди бидејќи по смртта на татко му ѝ ветил на мајка си дека ќе се повлече по 29-та борба.

„Не е лесно да се одбијат понудите од 20, 30, 40 милиони долари, но за мене не е сè во парите. Кога решив да заминам, тоа е за мене завршена приказна. Среќен сум и не жалам за одлуката“, објасни неодамна Кабиб.


За потсетување, Вајт пред неколку недели објави и видео во кое им се обраќа на обожавателите по 86 часа пост на вода и ја покажа лудата трансформација на своето тело.

Тој потоа ги покажа импресивните фотографии пред и потоа во 2-минутното видео што го сподели на „X“, поранешен Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг