Амал и Џорџ Клуни биле во центар на внимание во дождливата престолнина на Велика Британија.
Амал и Џорџ Клуни се појавиле во Лондон на премиерата на филмот на Џорџ Клуни „The Boys in the Boat“ и ги маѓепсале сите присутни на црвениот тепих.
Тие се појавиле видно расположени, магично облечени и целосно заљубени.
Џорџ бил облечен во класично одело и чевли во иста боја, а со оделото комбинирал кошула на која двете копчиња биле раскопчани.
Со оглед на тоа што врнело, како вистински џентлмен тој го држел чадорот, а многумина констатирале дека бил неодоливо шармантен.
Позната адвокатка носела монохроматска комбинација на црвениот тепих. Таа одлучила да носи црна нијанса на боја.
Горе имала корсет, а во долниот дел здолниште, носела и салонки и чанта.
Амал имала впечатлив црвен кармин на усните, но и ненападна шминка.
Дали ви се допаѓаат модните комбинации на Амал и Џорџ Клуни?