[ВИДЕО] Солзите на Суарез на збогувањето го трогнале цел Бразил! Кога семејството излегло на терен, не можел да издржи

Точка

04/12/2023

12:38

1.714

Големина на фонт

а а а

Каде и да игра, Луис Суарез многу брзо доаѓа до статусот на еден од омилените играчи на екипата. Истото се случи и кога ја напушти Европа и наместо во Саудиска Арабија или Америка, реши да оди во Бразил и да одигра една сезона за тимот на Гремио, а вчера и таа епизода заврши.

Уругваецот ги освои срцата на навивачите, па на збогувањето беше многу емотивно. Се збогуваше како што му доликува, во голем стил, со гол против Васко да Гама, за победа од 1-0, а кога после натпреварот уследиле овации, не можел да ги задржи солзите.

Секогаш емотивен и темпераментен, се скршил целосно кога му се придружило семејството, а тогаш сите заедно ја гледале снимката која клубот му ја посветил.

„Испиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да си, засекогаш ќе бидеш бесмртен“, напишал Гремио на социјалните мрежи.

Уругваецот постигна 27 гола на 52 натпревари за Гремио, а иако се очекува дека ќе се приклучи на Интер од Мајами, по натпреварот истакнал дека најпрво мора да одмори и да го слуша своето тело.

„Чувствувам болка, моето тело зборува наместо мене. Сакам да уживам и да се одлучам за себе после долгата кариера. Морам да одморам, да уживам со своето семејство. Потоа судбината ќе знае каде ќе бидам во иднина“, рекол Суарез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг