[ВИДЕО] Бубевски за причината за грабнувањето на Вања: Проверуваме дали средства од стан што го продала мајката се мотив - Велешанецот е „прометна жртва“, за да му се одземе цитроенот и поради долг од 500 евра

Макфакс

04/12/2023

12:03

8.942

Големина на фонт

а а а

Откога двајца од осомничените кажале дека информациите за времето и местото кога убиената Вања ќе излезе сама од дома ги добиле од таткото, истрагата се насочила кон него. Обвинителот Гаврил Бубевски вели дека истражуваат дали мотив за грабнувањето на Вања биле средства од стан кој мајката го продала.

„Сега истрагата се насочува во тој правец, сите аспекти кои претходно постоеле, ако постоеле. Доколку имаме сознанија дека има од страна на мајката продаден некој стан, за кој што сметаме дека средствата од тој стан биле некаков мотив кој што би требало да биде предмет на евентуалната изнуда, ќе провериме. Сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече обвинителот Бубевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски извести дека и таткото на убиената Вања Ѓурчевска е приведен, извршен му е распит и понатака се ќе се преземаат мерки. Првиедени се уште тројца од организираната група, а организаторот избегал прво во Белград, а потоа во Бугарија и по него ќе се распише меѓународна потерница.


Велешанецот Панче Жежовски, имал долг од 500 евра, а според обвинителот Гаврил Бубевски тој е „прометна жртва“.

„Не можам до крај да влезам во нивните намери и ум, тоа што за нас е логично, за некој е нелогично. Нивните дејствија се логични од кривично-правен аспект. Панче Жежовски е пронајден според нив заради нивната конекција со соседот, еден од осомничените и неговиот долг од 500 евра. Очигледно е дека досега од тоа што го имаме, дека е само „прометна жртва“ за да се земе возилото, за да се изврши ова“, рече Бубевски.

Бубевски: Ја убиле во паника, решиле парите да ги бараат подоцна

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејствие“, односно убивањето на 14-годишната Вања неколку часа по нејзиното киднапирање.


„Нивните укажувања зборуваат дека имале некаква паника заради тоа што јавноста била целосно ангажирана во побарувањето на детето. Едниот од нив решил дека парите ќе ги бараат подоцна и решава во тој момент да ја ликвидира. Се уште ги немаме прибрано сите информации, и за нас е малку нејасно кога мотивите се од користољубива природа, во истиот момент да лишиш некого од живот“, рече Бубевски.

Времето на лишување од живот е според осомничените, а конечните детали се очекуваат од обдукцијата, додаде обвинителот.

Спасовски: Со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење ја ставиле во гепек

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека ова е изолиран случај и дека нема врска со јавната безбедност генерално.

„Вакви конструкции коишто се пласирани во јавноста, дека било грабнато во парк и однесено на друго место воопшто не соодетсвуваат со вистината. Ова е изолиран случај, инцидентен случај кој што има организатори и крајна цел. Ова нема врска со јавната безбедност генерално. Ова лице, според утврдените факти е грабнато внатре во влезот на зградата, по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува сама. Ова е сосема различно од тоа што се имплицира“, рече Спасовски.

Тој додаде дека е апсолутна лага дека заради самитот на ОБСЕ воопшто не се постапувало по барањето на девојчето или дека не објавиле јавно.

„Ниту јас како човек, ниту никој Полицијата или во Јавното Обвинителство нема да дозволи заради одржување на настан да се прекине нешто“, кажа министерот.

„Утврдено е дека двете од лицата коишто биле со возилото цитроен, по претходно добиената информација, вечерта пред извршувањето на грабнувањето, дека девојчето ќе биде само, во влезот од зградата го земаат и со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење, го ставаат во гепек. Пред возилото цитроен, цело време се движи рено. Однесено е на локација надвор од Скопје, каде што е извршено убиството, па потоа е запалено возилото“, рече Спасовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг