Деми Мур вчера го засени Холивуд во совршена златна креација, Кендал Џенер во тесен фустан без градник - модните изданија на „Academy Museum Gala 2023“

Точка

04/12/2023

11:21

5.683

Големина на фонт

а а а

Синоќа во Лос Анџелес се одржа престижниот настан „Academy Museum Gala“ на кој се собраа највлијателните холивудски личности.

Ова е вечер на изразен гламур и луксуз, па такви беа и креациите на црвениот тепих - видовме многу елегантни, убави фустани без вулгарни детали и моменти. Особено нѝ се допаднаа изданијата на Деми Мур, Кендал Џенер и Криси Тајген, а Џулијан Мур исто така изгледаше неверојатно во смарагдно зелената креација.

Ако треба да избереме победник на вечерта, тоа дефинитивно ќе биде Деми Мур, која заблеска во златна тоалета која ја истакна нејзината витка фигура.


Овој блескав фустан бил украсен со огромен цвет во горниот дел и дискретен шлиц, а славната 61-годишна актерка го комплетираше изгледот со златни сандали со ремчиња, ефектни обетки и „clutch“ чанта. Долгата, бујна коса ја навиткала во лежерни бранови, а оваа фризура направила да изгледа младешко и секси.

Кендал Џенер, пак, внесе печат на тренди, современ стил, но сепак изгледаше многу впечатливо и елегантно. Таа се одлучила за црвен тесен фустан, кој е затворен од глава до пети, а во истовреме неверојатно секси, пред сè поради фактот што манекенката го носела без градник.


Криси Тајген избрала заводлива, прекрасна креација од тул во боја на кожа со длабоко деколте и висок шлиц, но истата изгледала многу убаво и одмерено.


Во продолжение погледнете ги изданијата на останатите дами:




Спонзорирани линкови

Маркетинг