На социјалните мрежи се шири постара снимка од една емисија во која српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ се расправа со сопругата, новинарка и уредничка Јована Јоксимовиќ, а луѓето пишуваат дека се засрамени од оваа сцена.
Брачниот пар седел на маса со пејачот Харис Џиновиќ, а на снимката Жељко Јоксимовиќ со повишен тон и кажува на сопругата дека „нему и на Харис им се обраќа како да води емисија“.
„Ајде, почни ко да водиш утринска програма, цело време зборуваш како да водиш утринска емисија, ајде како си, имај добар ден...“ и вели Жељко во малку саркастичен тон.
Јована се спротивставува, а Харис се обиде да ја смири ситуацијата и застана на нејзина страна, па набрзо сè се смири. Сепак, нивното несогласување го привлече вниманието на гледачите, кои продолжуваат да коментираат како пејачот јавно ја понижил сопругата и тврдат дека таа била на работ на солзи.
„Нејзиното лице покажа сè“
„Тој се однесува навистина лошо со неа“, „Нејзиното лице не покажува дека ова е шега“, „Лош однос кон сопругата на јавно место, тој воопшто не е џентлмен“, „Нејзиното лице покажа се`“ Нема повеќе овде љубов“ и „Не ја заслужува“, се дел од бројните коментари.