[ФОТО] Најубавата куќа на светот е лоцирана на Балканот: Цела планета ѝ се восхитува, а во неа живеела најсаканата српска кралица

Точка

02/12/2023

16:55

13.586

Големина на фонт

а а а

Палатата Бран, позната како Куќата на Дракула, се наоѓа во Романија и е споменик од големо значење. Околу 1920 година, таа била официјалното седиште на Кралството Романија.

Палатата е опкружена со бујни зелени шуми, а во неа се наоѓа и музеј.

Замокот Бран се наоѓа на границата меѓу романските покраини Трансилванија и Влашка и познат е како „Замокот на Дракула“, и покрај фактот дека нема речиси никаква поврзаност со романскиот национален херој Влад Цепеш.


Денес замокот е музеј, отворен за туристи, со уметнички предмети, народни занаети и мебел од колекцијата на кралицата Марија од Единбург, романската кралица која во замокот живеела со нејзиниот сопруг, кралот Фердинан I, во првата половина од 20 век.

Под ридот на кој се наоѓа замокот, во текот на целата година се организира саем на традиционални романски народни занаети, како и отворен музеј на рурална архитектура.

Во 1920 година, замокот станал резиденција на романското кралско семејство и омилена резиденција на кралицата Марија од Единбург.


Некогаш во замокот живеела и ќерката на Марија, идната кралица на Југославија, Марија Караѓорѓевиќ. По смртта на Марија од Единбург, замокот го наследила нејзината најмлада ќерка, принцезата Илеана, надвојвотката од Австрија, да би во 1948 година преминал во рацете на комунистите, по протерувањето на кралското семејство.


Замокот потоа бил затворен, а дури во 2007 година, со Законот за реституција, романската влада го вратила во сопственост на наследникот на принцезата Илеана, надвојводата Доминик Хабсбург. Во 2009 година, управувањето со замокот и официјално му било доверено на надвојводата Доминик и неговите сестри, кои во истата година го отвориле за јавноста реновираниот замок, како прв приватен музеј во Романија и претставиле стратегија за претворање на Бран во значајна точка на туристичката карта на земјата.







Спонзорирани линкови

Маркетинг