Дали Дибала и Лукаку се подобри од Тоти и Батистута – „Го знам одговорот, но не сакам да ви кажам“

Макфакс

02/12/2023

13:34

2.035

Големина на фонт

а а а

Легендата на Рома Франческо Тоти се наврати на резултатите на клубот во кој ја мина целата своја кариера, ги истакна најголемите проблеми во тимот и откри дека би сакал Жозе Мурињо да му бил тренер во текот на неговата играчка кариера. Не сакаше да одговори на едно прашање.

„Доследност, тоа е најголемиот проблем. Тоа е факт. Навикнати сме на подеми и падови, а тие се последица на тоа. Имаме одличен тренер, тој е и голем мотиватор, па мислам дека сè најмногу зависи од играчи“, изјави Тоти, италијански шампион со Рома од сезоната 2000/01.

Таа сезона Габриел Батистута се пресели во Рома од Фиорентина, чии 20 гола беа најмногу од играч на Рома во таа сезона. И за Тоти и за Батистута таа титула е единствена во Серија А. Винченцо Монтела кој исто како и Тоти постигна 13 гола, а во нападот за Рома играше и Марко Делвекио.

На Тоти му се допаѓа како се надополнуваат денешните напаѓачи на Рома Пауло Дибала и Ромелу Лукаку, па беше прашан и дали двајцата се подобри од него и од Батистута.

„Го знам одговорот на тоа прашање, но не сакам да ви кажам. Би ја наместил играта за да играме сите заедно“, одговори Тоти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг