Војната во Газа повторно се разгорe: Израел нападна 400 цели, Хамас тврди дека се убиени 240 луѓе

Макфакс

02/12/2023

11:09

1.299

Големина на фонт

а а а

Израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 400 цели во Појасот Газа по истекот на прекинот на огнот, при што загинале 240 луѓе во нападите, според палестинската исламистичка влада предводена од Хамас.

Хамас во соопштението додаде дека уште 650 лица се ранети во израелските воздушни, артилериски и поморски напади врз Појасот Газа.

„Израелските сили најмногу го гаѓаа Кан Јунис во јужниот дел на Газа, каде беа уништени десетици куќи, а луѓето внатре беа убиени“, додаде Хамас.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека со борбени авиони погодилe повеќе од 50 цели во областа Кан Јунис.

„Војниците на израелските одбранбени сили ги погодија терористите и инфраструктурата на Хамас во областа Беит Лахиа“, додаде израелската војска.

Артилерија и воздушни напади беа насочени и кон северот на Појасот Газа, се додава во соопштението.

Целта на армијата бea „терористички ќелии“, „џамија што ја користи Исламскиот џихад како команден центар“ и комплекс за складирање оружје, се додава во соопштението.

Покрај тоа, инфраструктурата и опремата што ја користат поморските сили на Хамас беа цел на јужниот дел на Газа, соопшти израелската војска.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на еднонеделното примирје со кое се овозможи ослободување на стотици заложници во замена за ослободување на 240 палестински затвореници и забрзана испорака на хуманитарна помош за населението во Појасот Газа.