Лионел Меси во средата одбил да гостува во телевизиската емисија „CBS Sports“ која се снима во Мајами во рамките на Лигата на шампионите, а причината е стручниот коментатор и легендарниот стопер на Ливерпул, Џејми Карагер. Водителката Кејт Абдо насред емисија изјавила дека пратиле официјална покана до клубот на Меси, Интер Мајами.
„Знаете ли што ни одговорија официјално? Смеам ли да го кажам ова?“, рекла водителката па открила: „Изгледа дека Меси нема да дојде во телевизиска емисија во која учествува Карагер“.
Поранешните фудбалери, сега исто така стручни коментатори, Тиери Анри и Мика Ричардс, биле шокирани, а Карагер се насмеал и рекол дека одлуката на Меси му носи слава,
Карагер го критикувал потпишувањето на Меси за ПСЖ, Аргентинецот го нарекол магаре
Абдо приказната за одбивањето на Меси ја откри откако Карагер зборувал дека Кристијано Роналдо е подобар напаѓач, но Меси го смета за вкупно подобар фудбалер. Водителката потсетила дека Меси минатата година му пратил приватна порака на Карагер, во која англиската ѕвезда ја нарекува магаре.
Причината за тоа е тоа што Карагер, зборувајќи за тогашното враќање на Роналдо во Манчестер Јунајтед, кое го сметал за погрешно, изјавил дека за погрешно го смета и одењето на Меси во ПСЖ. Изјавата на Карагер не му се допаднала на Меси, и изгледа сè уште не му простил, поради што не се приклучил во емисијата одржана во градот во кој сега игра.
Is the Messi vs. Ronaldo debate settled? 🐐
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) November 29, 2023
The real reason Leo Messi didn't make a #DestinationMiami appearance... @carra23 is standing his ground. 😂 pic.twitter.com/5Ie6Ku6Q1d