[ВИДЕО] 10-годишно дете отпочнало петиција „Apple“ да го промени емотиконот со очилата: „Тоа ме прави тажен и вознемирен“

Точка

01/12/2023

20:14

4.411

Големина на фонт

а а а

10-годишниот Теди од британскиот Пепард отпочнал петиција со која се надева дека ќе влијае на гигантот „Apple“. Поточно, на еден нивен емотикон.

Имено, Теди носи диоптриски очила и верува дека емотиконот „nerd“ или „бубалица“ на „Apple“ испраќа погрешна порака за таквите како него.

„Сакаме да го промениме тоа – „Apple“ им го прави животот на луѓето кои носат очила прилично тежок. Поради тој емотикон луѓето мислат дека сме „бубалици“, а тоа е ужасно. Тоа ме прави тажен и вознемирен, а ако јас сметам дека е навредливо, сигурно ќе се најдат илјадници луѓе ширум светот кои го мислат истото“, изјавил Теди за „BBC“.

Тој исто така предложил своја верзија на емотиконот, која не ја нарекува „бубалица“, туку „гениј“. Теди се надева дека „Apple“ ќе го прифати неговиот предлог.

„Овој емотикон има потенки рамки за очила и насмеано лице. Јас сакам да носам очила бидејќи со нив гледам многу подобро, а изгледаат добро и модерно“, додал 10-годишниот Теди, кој со помош на неговата наставничка по француски јазик ја отпочнал петицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг