Важен потпис во Билбао, Нико Вилијамс продолжува со Атлетик до 2027 година

Макфакс

01/12/2023

16:46

1.586

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Атлетик Билбао, објави дека Нико Вилијамс (21) денеска го продолжи договорот до јуни 2027 година. Ова е голем ден за клубот од Баскија, бидејќи за помладиот Вилијамс интересот не го криеја шпанските великани Барселона и Реал Мадрид и неколку клубови од Премиер лигата.

Нико Вилијамс им беше привлечен на богатите клубови бидејќи неговиот претходен договор со Атлетик истекуваше на крајот од сезоната, што значи дека можеше да замине како слободен играч.

Нико од минатата сезона е стандарден репрезентативец на Шпанија. Во Атлетики игра заедно со постариот брат Ињаки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг