Миа се појави на првите снимки од заложниците на Хамас, ослободена е после 54 дена: Снимката од средбата со семејството го обиколи светот

Точка

01/12/2023

17:25

2.551

Големина на фонт

а а а

По киднапирањето била принудена да сними видео кое ги прикажува заробениците како се лекуваат од повредите со кои се здобиле при киднапирањето.

21-годишната Миа Шем, која Хамас ја киднапирал на музичкиот фестивал на 7-ми октомври, а потоа објавил снимка со неа, повторно е со своето семејство откако минала седум недели како заложник.

Миа е една од двете жени кои Хамас ги ослободи во четвртокот по што прекинот на огнот е продолжен неколку минути пред истекот.

На снимката која кружи на социјалните мрежи се гледа емотивната средба на Миа со семејството по ослободувањето.

По киднапирањето била принудена да сними видео кое ги прикажува заробениците како се лекуваат од повредите со кои се здобиле при киднапирањето.

Светот со ужас гледал како припадниците на Хамас ја натерале Миа да сними видео на кое ги моли израелските службеници да ја извлечат од Газа. На снимката се гледа и како нејзината повредена рака ја лекува неидентификуван здравствен работник.

Нејзината мајка апелираше до светот да помогне во нејзиното ослободување, што се случи по 54 дена заробеништво.

Да потсетиме, седумдневното примирје заврши утрово, по што Израел ги продолжи борбените дејствија против Хамас.