Во ново интервју Мег Рајан одговори на тврдењата дека претерала со операциите.
"Не можам да обратам внимание на тоа. Едноставно не можам. Не вреди. Има многу поинтересни работи за кои може да се зборува. Подлоста и омразата се толку глупави", рекла актерката во интервју за магазинот „Glamour“.
Американските медиуми пред неколку дена споделија нејзини фотографии кои предизвикаа бура на социјалните мрежи. Многумина почнаа да ја навредуваат поради нејзиниот физички изглед.
Таа неодамна се врати во светот на глумата по осум години пауза. Мег го сними филмот „Што се случува подоцна“, кој моментално се игра во американските кина. И покрај тоа, во фокусот на нејзините обожаватели сепак е нејзиниот изглед.
„Ми се допаѓа што се врати на сцената, но ќе беше многу подобро да не се уништи целосно“, „Мислам дека треба да го преименуваат филмот во „Што се случува со лицето на Мег Рајан““, се некои од коментари на социјалните мрежи.