Бијонсе се појави на премиерата со својата ќерка и доби многу критики: Облечена е како стриптизета

Точка

01/12/2023

14:00

6.801

Големина на фонт

а а а

Бијонсе се појави на премиерата на нејзиниот филм „Renaissance: A Film by Beyoncé“ во придружба на нејзината ќерка, 11-годишната Блу Ајви Картер.

Мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, на Инстаграм сподели видео од црвениот тепих, на кое познатата пејачка позира со својата ќерка пред театарот пред да влезат да го гледаат филмот.

„Ова ме расплака. Им благодарам на обожавателите кои се тука за да го подигнат ова прекрасно талентирано 11-годишно девојче, ве ценам“, напиша Ноулс.

На видеото може да се види како Бијонсе ја прашува ќерка си дали и е ладно, на што таа одговара потврдно, а потоа им вели на фотографите да побрзаат со сликата.


Нивниот заеднички изглед ги трогна фановите, но облеката на Бијонсе предизвика негативни коментари.

„Не го разбирам овој фустан, зошто треба да се гледа долната облека“, „Ова во никој случај не е добар фустан за да се фотографирате со вашата малолетна ќерка“, „Таа позира со ќерка си облечена како стриптизета“, беа коментарите под видеото кое се прошири на интернет.

Потсетуваме, Бијонсе неодамна беше обвинета од обожавателите дека ја избелува кожата и дека повеќе не може да се нарекува темна кожа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг