Енрике Серезо како претседател на Атлетико Мадрид вчера ја промовираше својата книга во еден познат локал во Мадрид, а дел од чинот биле неговите најблиски соработници, како и неколку ривали со кои има меѓусебна почит.
Флорентино Перез како голем џентлмен не ја испуштил шансата да му укаже чест на првиот човек на Атлетико, но за време на настанот, медиумите уловиле и една интересна конверзација меѓу него и тренерот на „душекџиите“.
Диего Симеоне бил посебен гостин на организираниот настан од Серезо, а во еден момент развил разговор со Перез кој ги коментирал случувањата од пред неколку дена.
Чолито Симеоне постигна гол на „Сантијаго Бернабеу“ во средата, па ова било доволно добар мотив за Перез да го пофали напаѓачот на Наполи пред неговиот татко.
– Чоло, ќе бидеш горд на него……., – му порачува Флорентино на Симеоне, кој откаку му се заблагодарил на Перез, му одговорил и на прашањето колку години има неговиот син.
Џовани Симеоне има 28 години и веќе втора сезона настапува за Наполи, откако претходно имаше своите етапи во Серија А во клубови како Верона, Калјари, Фиорентина и Џенова.
😳 "Estarás ORGULLOSO. ¿Cuántos AÑOS TIENE?"
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 1, 2023
Las palabras de FLORENTINO PÉREZ al 'CHOLO' SIMEONE... ¿por su HIJO GIOVANNI? pic.twitter.com/qvzrFLT7qj