[ВИДЕО] Островот на кој огледалата се забранети, за тоа постои добра причина која се поврзува со тешкото минато

Точка

01/12/2023

15:10

12.068

Големина на фонт

а а а

Овој остров се наоѓа во Грција, покрај далеку познатиот и поголем „брат“ Крит. Во историјата бил познат по не баш прекрасните времиња, што во голема мера влијаело на тоа островот да биде долго под туристичкиот радар.

Спиналонга е познат како остров на патењето и надежта. 

Секој жител на островот во старите времиња добивал карта во еден правец, па јасно е зошто Спиналонга не е познат како туристичка дестинација.

Островот во 1903 година според одлуката на грчките власти било место на кое биле сместени сите заболени од лепра. Во почетокот напуштен, островот станал дом за болните од цела Грција и тие таму имале своја заедница, доктори и своите тешки судбини. Влегувањето во тврдината носело име „Дантеова врата“ затоа што важело правилото кога еднаш ќе влезете, тешко дека ќе излезете.

Меѓутоа, сето тоа се сменило кога Епамеинондас Ремоундакис, студент трета година по право дошол на островот во 1936 година. Бил болен, но исто така сакал да живее без оглед на тоа што ја изгубил раката и што бил слеп.


Епамеинода го основал „Братството на пациенти на Спиналонга“ и од државата барал подобри услови за живот. Владата им давала мали количини на намирници и храна од копното. Меѓутоа, за заболените цените биле и двојни, па луѓето направиле мали градини и почнале да одгледуваат зеленчук и овошје.

Ден за ден, луѓето почнале да се грижат едни за други. Тогаш огледалата биле целосно забрането зошто никој не сакал да види како изгледа.

За обиколување на Спиналонга ќе ви бидат потребни неколку часа. Влегување во просториите во кои престојувале болните не е дозволен, но постои еден дел како посебен мал музеј во кој може да видите што тие користеле за лекување во тие тешки времиња.


Денес камените куќички се целосно пусти и таму никој повеќе не живее. Некој поради страв од болест, некој поради тешките приказни и жал... Последниот жител го напуштил островот во 1962 година и денес целиот остров е посебен музеј и туристичка атракција.