"Top Gear" го избра автомобилот на годината, дали се согласувате со нивниот избор?

Точка

29/11/2023

22:51

5.614

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите медиуми во светот на автомобилизмот, "Top Gear", го избра автомобилот на годината за 2023 година.

Станува збор за "Hyundai Ioniq 5 N", електричен „хиперхеч“ кој беше претставен на почетокот на годинава, на јулскиот саем во Гудвуд.

Овој автомобил ја комбинира платформата „E-GMP“ со „N“ технологиите и како што вели Пол Хорел, новинар од "Top Gear", „"Hyundai" сакале "Ioniq 5 N" да биде бесмислен бензинец, но се откажале кога виделе што всушност би можела да направи електрификацијата.“


Погонскиот склоп на овој модел дава поголема моќност и подобрени перформанси за ладење и сопирање на батеријата во споредба со неговиот претходник.

Има два електромотори (со вкупно 478 kW/650 коњски сили и 770 Nm) и батерија од 84 kWh, при што забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,4 секунди, додека максималната брзина е 260 km/h.


Преведено, тоа значи 3,5 секунди за спринт до 100 km/h, или десетинка помалку кога е активирана функцијата N Green Boost.

Од "Hyundai" нагласуваат дека во автомобилот е вградена технологија од 800 волти – на ултрабрз полнач се полни од 10 до 80 проценти за само 18 минути.




Спонзорирани линкови

Маркетинг