На оваа жена Брега ѝ го посветил легендарниот хит: Била најубавата манекенка во Југославија, а врската со музичарот ја криела две години

Точка

29/11/2023

14:26

8.228

Големина на фонт

а а а

Љиљана Тица била најпопуларната југословенска манекенка. Таа ги освоила сите со својот неодолив изглед и ноншалантното природно одење на поранешна спортистка. Нејзината убавина не познавала граници, модните куќи се грабале за неа.

Таа добила можност да се проба и на екранот и глумела во филмот „Љубовта на војникот“ во далечната 1976 година. Потоа кадарот го делела со Воја Брајовиќ, Драгомир Бојаниќ Гидра и Александар Берчек. Многу мажи сонувале да го освојат нејзиното срце, но малкумина успеале во тој поход,

Првата младешка љубов со колегата Момо Јаковљевиќ, денес хирург, била одбележана со забава, анегдоти и смеа. Сепак, нејзиниот живот особено го одбележала врската со музичарот Горан Бреговиќ.


Љиљана била вистинска ѕвезда, а Брега едноставно не можел да одолее на убавината и шармот на тогаш најпопуларниот модел. Тие биле заедно две години. Откако раскинале, вистината за нивната врска излезе на виделина.

Се пишувало дека побегнал од неа, но ѝ ја посветил познатата песна – „Битанга и принцеза“. Во неколку наврати и самата Тица признала дека тие двајца имале многу бурна врска. Раскинале бидејќи таа била многу посесивна и љубоморна, што нему не му требало во екот на кариерата.


Откако победила на натпреварот „Елитно лице на годината“ на магазинот „Базар“, Тица отпатувала на светскиот натпревар за убавина во Акапулко. Тоа и ги отворило вратите на светските модни агенции, меѓу кои најатрактивна била онаа од Минхен, поради која во 1983 година и се пресели таму.


На свечен прием го запознала својот сегашен сопруг, тогашниот маркетинг директор на германското издание на магазинот „Ел“. Се венчале во 1987 година на Хвар, каде што се одржала црковната венчавка. Синот Лени го родила на 46 години и тоа била најголемата среќа. Оттогаш, нејзиниот живот доби ново значење. Денес, Љиљана Тица се занимава со бизнис поврзан со гастрономијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг