Еден од наједноставните и најздрави напитоци којшто може да се направи за да го зајакнете вашиот имунитет е токму напитокот од мед и цимет.
Овие две состојки кои сигурно ги имате дома имаат исклучително благотворно дејство врз организмот.
Благотворно дејство на медот
Медот е многу познат по своите лековити својства. Тој е активатор на имунолошкиот систем, а исто така има антианемични и антисклеротични својства. Благодарение на својот богат хемиски состав, влијае на создавање на крвните елементи, црвени и бели крвни зрнца. Освен тоа медот е одличен сојузник во борбата против уморот и при чистењето на синусите.
Чудесен цимет
Од друга страна циметот е зачин којшто е богат со антиоксиданти и други корисни материи. Истражувањата покажале дека циметот може да помогне во контролата на нивото на шеќер во крвта, да ве заштити од болести на срцето и да ги намали воспаленијата во организмот.
Како да направите напиток од мед и цимет?
Подготовката на овој напиток е едноставна. Потребно е да помешате една лажичка мед и две ќесички цимет со 1 децилитар млака вода. Мешајте додека медот не се стопи. Исто така напитокот може да го консумирате без вода, со едноставно мешање на циметот и медот.
Како да го консумирате?
Се препорачува да пиете двапати дневно од овој напиток, најдобро во текот на три последователни денови. Овој природен напиток е одличен сојузник за јакнење на имунитетот, особено во текот на сезоната на вируси и настинки.