Децата „полудени“ по новиот син чипс кој може да го уништи желудникот: Прават предизвици на „ТикТок“ и велат дека нешто полуто немаат пробано – Лекарите загрижени!

Точка

29/11/2023

12:01

6.081

Големина на фонт

а а а

Сокот „Прајм“ кој чини дури 1.000 динари (околу 500 денари), пред неколку месеци предизвика бурни реакции кај децата во Србија кои на своите врсници голтка од овој енергетски пијалак им продавале за 100 динари, а мирисот за 50!

По скапоцениот сок, во Србија пристигна и синиот чипс „Такис“, за кој зборуваат дека е „најлут на светот“ и децата едноставно полудеа по него.

Кај младите сè попопуларен е екстремно жешкиот чипс „такис“ кој сè уште не знаеме со сигурност каде го има да се купи, но судејќи по информациите на мрежите чини околу 200-300 динари. Многумина го набавуваат од странство и се снимале како го пробуваат, а доказ за тоа се виралните видеа на мрежите.

Такис се цилиндрични и спирални грицки. Тие доаѓаат во различни вкусови, а некои од најпопуларните се „Fuego“ (екстремно зачинет), „Nitro“ (уште полут), „Salsa Brava“ (вкус на салса), „Zombie“ (вкус на сирење и чили), и „Wild“ (лут вкус).

Основни состојки

„Такис“ грицките вклучуваат гриз од пченка, растително масло и зачини кои им даваат карактеристичен вкус и пикантност. Споменатите „Fuego“ и „Nitro“ важат за најекстремно зачинетите и често се појавуваат во предизвиците на социјалните мрежи, како „Takis Challenge“ или „Takis Roulette“.

На Интернет се појавиле наводи дека „Такис“ може да предизвика чиреви и рак. Овие тврдења биле побиени, но лекарите предупредиле дека прекумерното консумирање може да предизвика гастритис и други стомачни проблеми.


Еден од најпопуларните трендови осмислен од тинејџерите на „ТикТок“ бил тој да ги предизвикаат пријателите и семејството да јадат „Такис“ како би виделе дали можат да ја издржат неговата лутина.

Дали децата треба да ги купуваат овие производи ќе одлучат родителите. Експертите ги советуваат родителите да бидат повеќе внимателни кога станува збор за овие трендови и што повеќе да разговараат со децата за нивната штетност, како и штетноста од новите технологии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг