[ВИДЕО] Случаен минувач застанал да ја одмери згодната танчарка, неговата реакција предизвикала расправа на социјалните мрежи: „Moрничаво „зјапа“ во неа, размислувајќи дали треба да ѝ додева или не“

Точка

29/11/2023

11:22

5.695

Големина на фонт

а а а

На „Интернет“ се шири видео кое предизвикало голема дискусија меѓу корисниците на социјалните мрежи.

На видеото се гледа моделот и танчарка Барбара Гамбатеса како пробува облека во кројачки салон додека стои покрај отворена врата.

Во тој момент наидува случаен минувач кој застанува да ја погледне, притоа задржувајќи го погледот, навидум воодушевен од нејзината убавина.


Додека ја пушел цигарата, замислено ја наведнал главата како би погледнал што подобро, а потоа тргнал по својот пат.

Видеото предизвикало голема расправа, а луѓето се поделени во две групи – оние кои тврдат дека не сторил ништо лошо и оние кои сметаат дека неговата постапка е одвратна.

„Тој ја погледна. Се восхитуваше. Уште еднаш кришум погледна, а потоа едноставно си продолжи со својата работа. На тој начин се гледа убава личност“, коментирал извесен корисник на „X“, а неговата објава била прегледана повеќе од 33 милиони пати во три дена откако ја објавил.

„Знам дека некој ќе го нарече перверзник, но тој всушност направи сè како што треба“, додека друг бил согласен: „Тој само ја гледаше со восхит, без да ја вознемирува или малтретира“, додека трет признал: „Секој маж веќе бил барем еднаш во ваква ситуација.“

Други, пак, пишуваат дека неговиот потег е сосема непримерен: „Тој морничаво „зјапаше“ во неа и размислуваше дали треба да ја малтретира или не, да не ја извртуваме работата“.

„Да фалиш маж кој гледа во задник на една жена, ама притоа не ја малтретира? Кога социјалниот стандард падна толку ниско?“, се запрашала извесна корисничка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг