Актерката Марго Роби која од година во година ја има титулата најубава жена на светот, повторно докажала зошто е на самиот врв од листата омилени и најпривлечни холивудски ѕвезди.
Со харизматичната насмевка, природна убавина и беспрекорна фигура која ја истакнала во розовиот „Версаче“ фустан, сите ги оставила без здив.
Нејзините витки и затегнати нозе биле во прв план, додека чекорела во чевли и со светкава чанта од брендот „Медуса“, а поводот бил премиера на филмот „Барби“.
Инаку, Марго е единствената жена која две години по ред според магазинот „Максим“ е најзгодната и најуспешна жена на годината.
Исто така, четири пати Марго се нашла на таа листа, што досега не успеала да го направи ниту една друга жена на светот.
Дали ви се допаѓа оваа модна комбинација на Марго Роби?