Хоселу за зицерот што не го искористи против Кадиз: Ова ми се случува првпат во кариерата…

Дерби

28/11/2023

13:24

1.170

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ги освои трите посакувани бода против Кадиз и тоа во средба во која можеше да даде и повеќе од три гола (3-0).

На оваа средба напаѓачот Хоселу имаше еден несфатлив потег на почетокот на вториот дел со кој ги шокираше навивачите на Реал, но и љубителите на фудбалот ширум светот.

По акцијата на Белингем и Родриго топката му се намести на Хоселу и тој само требаше да ја спроведе во голот, ама тој ја остави да заврши во гол аут.

Дефинитивно се работеше за одредено недоразбирање и за тоа говори даденото објаснување на летното засилување на „кралевите“.

- Зборував со Родриго за тоа што се случи. Тој не очекуваше дека Белингем ќе му ја додаде топката. Прво се обиде да додаде, а потоа дриблаше за да се ослободи од голманот, а кога го направи тоа, мислев ќе продолжи кон голот и ќе шутира. На крајот не се случи ниту едното, ниту другото.

- Ова ми се случува првпат во кариерата. Ќе остане анегдота, а најважно е што победивме, - рече Хоселу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг