ЗОО Скопје: Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени - во ист ден починаа саканиот и почитуван колега Ристе и неговиот миленик Флопи

Точка

28/11/2023

13:13

5.791

Големина на фонт

а а а

Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски

Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот.

Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје.

За трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи- една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе.

Не издржа ни еден ден без Ристе.

Не напушти и Флопи.

Posted by Anastasovski Goran on Monday, November 27, 2023

Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас.

Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност.

Зоолошка градина Скопје 



Спонзорирани линкови

Маркетинг